Ваташа, невини животи и македонска историја: Кај в слана тивко венеше цвете – убија дете

Денес се навршуваат 80 години од твеските убиства во селото Ваташа.

Масакр во Ваташа — крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од Ваташа. Колежот го извршила бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. По потекло Апостолов бил од Крива Паланка. По тоа време од 40 до 60% од војниците во полковите на Петтата армија биле локални регрутирани младинци.

Настан

Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година, презема офанзива за уништување на партизаните и се нафрла и на мирното население. Кулминација на погромите над цивилното население е масовното стрелање во Ваташа, на 16 јуни 1943 година, кога на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ се убиени 12 младинци. Уште вечерта на 15 јуни низ Ваташа се разнесла веста дека утредента никој не треба да оди на работа, зашто е роденден на престолонаследникот и во Кавадарци ќе се одржува парада. Кога се разденило на 16 јуни, селото било блокирано од војска и полиција. Никој не можел да излезе, а оние што тргнувале на работа ги враќале назад.

Сестрата на Блаже Ицев, Нада Ицева (Јанева), го памти денот кога го уапсиле нејзиниот брат. Не насетувале, каков крвнички чин ќе се случи истиот ден. Блаже (17 г.) и сестра му Ката (15 г.), работеле домашни работи, кога биле одведени во селската меана на Васил Хаџи Јорданов. Таму ги затекнале и останатите младинци, каде почнало крвничкото тепање од страна на полицискиот заменик-началник Петко Опреков, поручникот Борис Костов и двајца бугарски агенти.

Погубените младинци од Ваташа.

"Јас веднаш истрчав по нив, но постојано ме враќаа назад до мостот. Бидејќи имав само 12 години, постојано се враќав колку што можам поблизу и некако разбрав дека ако се слушне истрел младинците ќе бидат стрелани. Истрчав дома и веднаш ѝ кажав на мајка ми дека ќе ги отепаат. Но таа ми рече:„Молчи, името пусто да ти остане, само ќе ги заплашат и ќе ги интернираат" - Нада (Ицева) Јанева

Во раните утрински часови во селската кафеана во Ваташа биле приведени и сослушани неколкумина младинци и девојки. Тие биле скоевци, кои кришум им помагале на партизаните, но биле поткажани. Според Стева Илиева од Кавадарци: „Кметот нè собираше од куќите со готов список, сите нè имаше по име и презиме.“ Во кафеана тие се испрашувани и тепани, а потоа се терани да признаат дека биле сите заедно со партизаните на 1 мај во месноста Моклиште и дека биле нивни помошници. На крајот на полицискиот распит се ослободени еден младинец и една девојка. Останатите 12 младинци и 4 девојки остануваат со обвинение за врска со партизаните и претстојно бегство во планината. Откако тие ги поднеле сите тортури и измачувања, полиција и војска ги одвеле пешки во колона кон Моклиште.

Додека ги воделе младинците, на неколку места ги запирале. Веројатно се премислувале каде да ги стрелаат, додека ним им велеле дека ги носат за да ги фотографираат. Најстариот од сите, Васо Хаџиjорданов насетил дека нешто лошо се подготвува, па кај месноста „Чаир“ каде биле запрени, почнал да бега, а по него побегнале и други. Тогаш била издадена наредбата „оган“. Дванаесетте младинци биле застрелани, иако сите војници не сакале да пукаат. Најмладиот од стреланите имал само 15 години. Еден од стреланите пред да умре, успеал да изусти „Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!“. Четирите девојки што исто така биле уапсени — Мара Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Павлина Касапинова и Ката Ицева — ги тргнале настрана.[6] Полицискиот началник Петко Опреков се спротивставил на поручникот Костов кога сакал да ги убие и девојките, а капетан Борис Жеглов го поддржувал Опреков па така тие биле спасени.[7] Интересно е сведочењето на девојките, кои биле натерани од поручникот Костов да се припојат до младинците, на што се спротивставил Петко Опреков, нагласувајќи дека не е таква наредбата[4]. Ова говори за претходно спремана акција од страна на фашистичките бугарски сили. Откако насетиле дека ќе бидат погубени, се дале во бегство, но биле покосени од бугарските војници. За крволочноста на бугарските сили, говори и извештајот на ГШ на НОВ, од септември 1943 каде пишува:

"Младинците се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети. На некои им се исечени рацете и извадени очите и притоа сите биле ограбени“.

Сестрата на Блаже, Ката која била одведена на местото и била сведок на овој грозоморен чин се сеќава дека нејзиниот брат Блаже, сè уште давал знаци на живот после стрелањето, но Бугарите со бајонети ги боделе и сечеле 12 младинци од Ваташа.

"Кога сестра ми Ката влезе во дворот, изнемоштена падна. Мајка ми ја праша каде е Блаже, а таа со плачење одговори дека е стрелан. По толку години и сега со многу болка се сеќавам на таа слика и на зборовите на Ката дека Блаже по рафалното пукање уште бил бил, но Бугарите со бајонетите го убиле пред да ги извикуваат: „Гледајте, не седнувајте комунистки, гледајте“. Родителите и другите селани истрчаа во Моклиште, но под закана дека ќе го запали селото може само набрзина со граничи и со лисја да ги има по омилена телата и да се оди со земја. Мајка ми не дозволи и јас да отидам таму, ми нареди да донесам алишта за Блаже, а јас уплашена, не знаејќи што да земам, избрав голем куп алишта, но, за жал, не успеав да и ги однесам на мајка ми." – раскажува Нада.

Денес на тоа место постои мал споменик. По војната, организиран вистинскиот погреб. Кога се сами си ги откопале коските, ги премиле во реката и во малите ковчези ги закопале во Моклиште. А, по третпат, таму каде што денес има голем споменик, се закопани во 1963 година.


Цветови на Славко Јанески

В Тиквешко негде, в некое село,

кај в слана тивко венеше цвете,

– убија дете.


Последна солза од око капна…

кога на ридот есента стапна,

в крви се изми утрото бело.

И кога в зраци челикот светна

последна мисла ко птица летна:

„Мајка ми сама остана в село”.


О, детски очи!

Криевте в себе небесно катче…

Румено крвје течеше в жили

в радост без почин…


Кај око детско натопи земја

гороцвет никна, разлиста пролет,

кај крвта врела растопи слана

црвена роза закити поле.


Мајската роза и цветот модер

в миризма молат:

„Закити, друже, огнена пушка

со цвеќа млади,

па напред појди и други деца

брани со гради”.


В Тиквешко негде, в некое село,

кај в слана тивко венеше цвете,

– убија дете.