Ватикан им ги простува гревовите на сите оние кои страдаат од коронавирус под еден услов

Римокатоличката црква објави дека верниците кои се заразиле од вирусот корона, ќе им бидат простени сите нивни гревови, објави телевизијата Франс 24.

Според одлуката на Ватикан, роднините кои се грижат за заразените, лекарите и луѓето кои се молат за здравје, можат да сметаат на прошка на гревовите.

За да бидат квалификувани за прошка, болните католици мора да се молат и да учествуваат оддалечени во важни црковни празници.

Оние што се молат за здравјето на лекарите треба да ја читаат Библијата најмалку 30 минути секој ден, објави Спутник.

Досега во Италија се заразени скоро 63.000 луѓе, со потврдени над 6.000 смртни случаи.