Вдовицата на Хју Хефнер ги откри најголемите тајни од вилата“: „Имав болни плускавци на главата, но мислев дека е нормално!“
Животот во познатата вила не бил гламурозен или лесен
како што многумина мислеа.
За неколку дена ќе бидат објавени мемоарите на Кристал Хефнер (37), вдовицата на Хју Хефнер, насловени „Only Say Good Things: Surviving Playboy and Finding Myself“. Како што најави за американските медиуми, во книгата најискрено зборувала за својот живот како сопруга на издавачот на ова познато списание.
Таа во своите мемоари ќе открие со какви тешки правила се соочиле неговите девојки и што морале да почитуваат. Кристал реши да открие за People зошто постојано била критикувана од Хефнер.
Една од честите замерки со кои постојано се соочувала биле неговите приговори за изгледот на нејзината коса. Нејзиниот сопруг, кој почина на 91-годишна возраст, постојано истакнуваше дека нејзината природна кафена коса станала темна во коренот и дека е време да ја обои, пренесува New York Post.
Ова значело за оваа девојка дека мора повторно да го посети салонот за да остане платинесто русокоса.
-Ќе морав толку многу да ја избелам косата за да ми изгори скалпот. Имав болни плускавци на главата, но поради некоја причина мислев дека сето тоа е нормално и дека тоа значи дека морам да бидам убава во очите на Хефнер – признала таа. Дополнително пишувала и за другата страна на сексуалниот живот на нејзиниот сопруг за кој малку се знаеше.
Фото:screenshot