Ве излудуваат комарците? Пресечете го ова овошје на половина, ставете го во аголот и никогаш повеќе нема да ги видите близу до вас

Скара со пријателите во градина, уживањето во топла вечер со семејството на терасата, гледањето на бескрајното ѕвездено небо од балконот за време на мирна ведра ноќ, може да се расипат од досадните комарци.

Колку пати ви се случило ова?

Но, постои решение од природата.

Вметнете гранче рузмарин во јаглен додека печете на скара за да се одбраните од натрапниците, и ставете лимон исечен на половина на масата, а потоа пикнете каранфилче во него.

Ќе изгледа убаво, ќе шири прекрасен, освежителен мирис кој нема да им се допадне на инсектите.

Во непосредна близина на терасата или во балконски саксии, засадете растенија кои ќе бидат ефективни сојузници во борбата против ситните крвопијци:

Маточината е вистинска легенда меѓу растенијата кои ги „бркаат“ мувите. Доколку доцна реагиравте, а ве каснал комарец, ќе ви помогне маточината. Изберете свеж лист и исцедете го сокот на местото на каснување со прстите, а потоа оставете го да се исуши.

Лавандата со својот прекрасен изглед и уште поубав мирис се бори со досадните муви и комарци со својот мирис.

Доколку сакате егзотични растенија вашиот избор во борбата против инсектите треба да биде темјанот, пишува Лиза.


foto: printscreen youtube