Веќе 12 години спијам само половина час на ден, кога ќе видат луѓето како изгледам остануваат без текст: Убеден сум дека тоа ќе ми го удвои животниот век

Фитнес фанатикот Даисуке Хори (40) тврди дека спие само 30 минути навечер повеќе од една деценија. Тој верува дека тоа ќе го удвои неговиот животен век.

Јапонецот Даисуке Хори драстично го промени својот животен стил пред повеќе од 12 години за да ја подобри својата продуктивност. Тој тврди дека ги тренирал умот и телото да функционираат на што е можно помалку часови сон. И како што вели, никогаш не се чувствува уморен.

Не се грижи за предупредувањата на лекарот

Според NHS, на возрасните им требаат околу седум до девет часа сон за телото да биде целосно одморено. Недостатокот на сон може да има лош ефект врз здравјето.

Но, Даисуке оди против мислењето на докторите и вели дека спие помалку од еден час секоја вечер.

Тој верува дека неговите навики за спиење ќе го „удвојат“ неговиот животен век.

Како љубител на уметност, музика и читање, Даисуке се борел да вклопи сè во неговите вообичаени секојдневни активности.

Тој рече дека секогаш чувствувал дека 16 часа не се доволни за да заврши се‘ што сака да направи, па почнал да истражува и експериментира. На крајот, тој пресекол - помалку сон

Даисуке истражувал колку часа сон му треба за да се одмори и почнал да практикува помалку часови спиење.

По два месеци, тој тврди дека можел да го намали времето на спиење на само 30 минути на ден и сепак да функционира нормално.

Даисуке откри и како изгледа неговата дневна рутина, која започнува во 3 часот наутро секој ден.


Прецизен дневен план

Следи прецизен и структуриран дневен распоред што му овозможува лесно да се вклопи што е можно повеќе пред спиење во 2:30 часот следниот ден. Половина час подоцна, се разбира, станува и започнува сосема нов ден.

Неговата типична утринска рутина вклучува возење до плажа, сурфање, вежбање, учење и пишување. Попладне игра онлајн игри, руча со пријателите и прави видео на YouTube за краткотрајниот сон.

Вечерта држи онлајн предавање на истата тема, пред вечера околу 23:30 часот.

После тоа се подготвува за работа следниот ден, пред конечно да заспие, пишува „The Sun“.


Фото: Фејсбук