Вештачка интелигенција со само еден допир – добре дојдовте во светот на Magenta AI

Вештачката интелигенција полека но сигурно станува дел од секојдневниот живот и забрзано се имплементира во сите дигитални решенија, алатки, апликации и насекаде околу нас. Телеком ја прави вештачката интелигенција достапна за сите и за сечиј уред, благодарение на Magenta AI – новата функционалност на мобилната апликација Telekom MK.

Корисниците на Македонски Телеком отсега имаат на располагање уште една доверлива алатка без дополнителни трошоци преку која можат да ги пронајдат сите вести, информации и услуги коишто им се потребни, без разлика дали станува збор за општи прашања или за прашања поврзани со Телеком.

Magenta AI се наоѓа во сопствено подмени во апликацијата Telekom MK, со што им се обезбедува лесен и едноставен пристап на корисниците. Предноста на оваа алатка е што ги препознае и ги категоризира различните типови на прашања, пред да го насочи корисникот до одговорот којшто му е навистина потребен.

Како функционира Magenta AI?

Благодарение на современата технологија на Perplexity, корисниците можат да добијат одговор на општите прашања за само неколку секунди. Вештачката интелигенција базирана на Perplexity ги обработува прашањата во зависност од нивната тема и потоа го насочува корисникот кон вистинскиот одговор.Доколку Magenta AI препознае дека се работи за општо прашање, тогаш ќе генерира одговор преку Perplexity, а доколку препознае дека се работи за прашање поврзано со услугите и понудите на Телеком, тогаш автоматски ќе го пренасочи корисникот кон личниот Chatbot. Со ова се намалува времето на пребарување и се доаѓа многу брзо до конкретни и точни одговори на важните прашања.

Magenta AI е уште едно во низата решенија со кои Македонски Телеком ја прави вештачката интелигенција достапна за секого, со највисока заштита. Ова е особено во денешниот свет предводен од иновативните технологии, кога вештачката интелигенција е неопходна алатка. Користењето на вештачка интелигенција во секојдневните процеси има потенцијал да го олесни животот на луѓето, да им понуди брз извор на информации и да ја зголеми нивната ефективност и продуктивност. А со Magenta AI, корисниците можат да ги почувствуваат сите овие придобивки без да се грижат за безбедноста на нивните податоци, бидејќи Македонски Телеком ја гарантира нивната сигурност и приватност додека ја користат оваа алатка.

Функционалноста е достапна за сите Android и iOS уреди.

ПР објава