И кога не работи, интересен е. Љубителот на македонската публика овој пат сподели смешно видео
Шоуменот монентално се одмара далеку од градскиот метеж и ужива крај Дојранското езеро. Но, Игор Џамбазов не би бил тоа што е ако не се шегува. Тој е голем љубител на животните, па ѝ отпеа песна на една мачка „која беше затворена, а сакаше да излезе надвор“. Песната е добро позната, а мачката веројатно веќе избегала. Неговите фанови на „Инстаграм“ беа воодушевени од идејата.
Н.Т.