Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, рано утринава во 04 часот и 54 минути, регистрирала земјотрес чиј што епицентар се наоѓа 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Земјотресот бил со локална магнитуда од пет степени според Рихтер и најсилно бил почувствуван во Гостивар и Маврово, а потоа во Тетово и Гостивар.
Инфорамции за причинета материјална штета, засега нема.
На социланите мрежи се појави видео од земјотресот: