Тетовирањето не само што е болно, туку може да трае и неверојатно долго...
Ако сакте голема
и комплексна тетоважа, тогаш мора да се припремите за вистински пекол, бидејќи
големите тетоважи во просек се прават од 6 до 10 саати. Понекогаш тетоважите се
прават и повеќе од 12 саати, а тоа е вистински пекол и за оној кој се тетовира,
но и за уметникот кој ја прави тетоважата.
Многу луѓе ваквото долго тетовирање не можат да го издржат, па затоа е популарно тетовирањето во делови, кое ви овозможува големите тетоважи да ги направите во период од неколку дена, но постојат и луѓе кои на овој начин ја билдаат својата сила и волја, па успеваат да седат 12 саати на стол, додека иглата константно им ја боди кожата.
Погледнете како изгледа тетовирање од 12 саати и како на крајот изгледа тетоважата која се работи толку долго.