Виновен е овој феномен: Зошто не се сеќаваме на периодот кога сме биле бебиња?
Поголемиот број од возрасните луѓе не може да се сетат на ниту еден настан пред својот трет роденден, а главниот виновник е детската амнезија. Експертите сметаат дека би требало да се насочите на создавање спомени со своите деца, без оглед на тоа што само тие ќе се сеќаваат на тоа.
Дали некогаш сте се запрашале зошто вашето дете не се сеќава на своите први чекори или прославата на својот втор роденден? Доколку се обидете да се сетитете на сопствените искуства од предучилишниот период, веројатно како низ магла ќе се сетите на одредени настани. За тоа е виновен феноменот кој се нарекува детство или инфантилна амнезија, односно природно и постепено губење на сеќавањата на првите неколку години од животот.
Психолозите веруваат дека детската амнезија претставува нормален дел од развојот на мозокот и дека сеќавањата за кои не се зборува често, со текот на времето се губат.
Кога зборуваме за помнењето, обично мислиме на способност за потсетување на одредени животни искуства. Познати и како епизодни сеќавања, вклучуваат хипоталамус, дел од мозокот кој се наоѓа во темпоралниот лобус, кој не ни е потполно развиен кога ќе се родиме, пренесува Parents.com.
„Хипоталамусот би требало да се развие во 4 - тата година од животот. Тоа обично е период кога децата почнуваат да се сеќаваат на одредени работи. Како што детето расте, така неговите сеќавања стануваат постабилни“ - истакнува Рејџел Елвард, експерт за когнитивна невронаука на меморијата.
Постои ли уште една причина за амнезијата во детството?
Сели Годард Блит, директорка на Институтот за неврофизиолошка психологија и авторка на осум книги за развојот на детето, вели дека немаме развиена способност да зборуваме за работите што се случиле пред да научиме течно да зборуваме. Вербалниот јазик станува доволно течен дури кога детето ќе наполни три години.
Кога почнуваме да ги паметиме своите сеќавања?
За голем број возрасни луѓе, нивното најрано епизодно памтење е од третата година од животот. Многу мал дел од нив се сеќаваат на настани кои се случиле пред тој период. Сепак, академците веруваат дека сеќавањата од раното детство почнуваат нагло да се губат кога детето ќе наполни 7 години. Парициа Бауер и Марина Ларкина, спроведоа истражување на тема „сеќавања од детството“, во која замолиле тригодишни деца да разговараат со своите мајки за шест настани од нивниот живот. Потоа, неколку години потоа, од нив барале да се сетат на тие настани. Истражувачите откриле дека децата на возраст од 5 до 7 години се сеќаваат на повеќе од 60% од настаните, додека децата на возраст од 8 и 9 години паметат помалку од 40%.
Овие сеќавања не се засекогаш изгубени. Се смета дека свесното паметење започнува да се развива од третата година, но пред тоа, постои сензорно - емоционално искуство кое може да се оживее подоцна во животот, кога ќе се случат слични настани и ќе се појават сензорните прекидачи.
Одличен пример за сензорно сеќавање може да биде одреден мирис, кој по многу години подоцна, може да создаде слика или чувство за присутност на нашите мајки.