ВНИМАНИЕ: Зошто не треба да јадете цитрон- Во разни случаи не смее да го консумирате
Било да е розов, жолт или црвен како рубин, не мешајте сок од цитрон и некои лекови што се земаат орално. Овој сок може да ги зголеми ефектите и несаканите ефекти на лекови за намалување на холестерол и други лекови (како антидепресиви) до десет пати. Научниците ја откриле и причината за ова.
Цитронот е богат со соединенија наречени фуранокумарини. Овие соединенија го спречуваат ензимот во цревата да го „изеде“ лекот пред да се апсорбира. Со оневозможување на ваквото дејство на ензимите, телото апсорбира поголема количина на лекот. Сокот може да содржи повеќе од овие соединенија отколку целото овошје, бидејќи производителите понекогаш додаваат масло од цитрон богато со фуранокумарини за да ја подобрат аромата. Пол Воткинс, истражувач на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил, вели дека откритието може да се искористи за да се направат поефикасни лекови.