Во 2026 година не чека нешто интересно, а во следните години потоа катастрофа

Повеќето негови следбеници, но и корисници на другите социјални мрежи, признаваат дека воопшто не им веруваат на неговите објави, туку дека ги гледаат „за забава“...

Знам кога вонземјаните ќе го остварат својот прв контакт со луѓе и тоа ќе биде многу брзо, објави на TikTok корисникот по име „Time Traveler“.

Овој профил, пишува британски Дејли Стар, во последно време станува сѐ попопуларен на оваа социјална мрежа. Лицето зад него тврди дека е патник низ времето од 2198 година и објавува видеа кои ги опишуваат идните настани.

Тој тврди дека во 2026 година ќе има големо цунами во Атлантскиот Океан, дека јужна Европа во 2033 година ја чека силен земјотрес, дека Њујорк до крајот на векот ќе стане пустина...

Но, најголемо внимание собраа снимките на кои тој зборува за вонземјани.

- Првиот контакт ќе биде во 2026 година. После тоа ќе ја посетат земјата во 2042 година. Но, научниците ќе откријат нов вид на Месечината - тврди тој во една од своите публикации.

Тој исто така рече дека океаните наскоро ќе станат исклучително жешки, како и дека небото ќе ја промени бојата и ќе стане портокалово на крајот на векот.

Повеќето негови следбеници, но и корисници на другите социјални мрежи, признаваат дека воопшто не веруваат во неговите објави, туку дека ги гледаат „за забава“.

Сепак, мал број корисници на TikTok беа загрижени од овие најави и напишаа „Само времето ќе покаже...“


Фото: unsplahs