Во Холандија никнува најголемата станбена населба на вода

Целиот свет се бори против климатските промени, додека многу луѓе, организации и компании прават се за да ја санираат веќе направената штета секој ден

Waterbuurt е врвен проект за станбен развој кој го наоѓа своето место во Амстердам, а всушност е колонија на пловечки домови. Скоро 100 пловечки куќи се закотвени на езерото Ејмер, не во форма на чамци, туку вистински станбени згради. Создаден како дело на холандскиот архитект Марлис Ромер, овој пловечки кварт е најголемиот од ваков вид во Европа и нуди различни видови станбени згради, кои се дефинитивно доволно удобни и луксузни.

Конструирани во бродоградилиште лоцирано околу 65 километри северно од езерото, пловечките вили се закотвени и поврзани со челични столбови, така што тие се движат само вертикално за време на промената на плимата и осеката. Со топењето на поларните глечери и две третини од холандската популација што живее под нивото на морето, живеењето на вода дефинитивно ќе биде подобра опција отколку живеење на копно.

Визионерот за водена архитектура, Коен Олтиус, рече: „Веќе е далеку побезбедно да се живее на вода ако живеете во област каде што често се појавуваат поплави. Најголемите градови во светот веќе се густо населени, така што цената на метар квадратен рапидно расте, а водата не е толку скапа како земјата “.

Иако овој проект е практично сè уште во фаза на изградба, некои од вилите во него се веќе населени. Конструирани на бетонски платформи, тие се состојат од лесни челични рамки, дрвени sидови и панели. Нивните кујни и трпезарии се поставени на подигнатото приземје, додека дневната соба и отворената тераса се на горното ниво.

Спалните и бањите се пространи и дизајнирани со употреба на монохроматски шеми кои придонесуваат за отвореноста на просторот. Исто така, овие делови од домовите се наоѓаат на пониско ниво, што е делумно под вода. Покрај тоа, секоја од овие вили содржи зелени градини на нивните покриви, кои исто така се користат за собирање на дождовница.


Сите вили се меѓусебно поврзани со канали, додека истовремено се дели една мрежа, што им овозможува на сите станари да споделуваат електрична енергија. Според сите сметки, новиот начин на живот нè учи како да бидеме најдобрите верзии за себе.