Во Јапонија: Пијан полицаец ги изгубил документите со податоци на 400 луѓе
Во Јапонија: Пијан полицаец ги изгубил документите со податоци на 400 луѓе
Јапонските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека полицаецот излегол да пие со колегите и заспал на улица додека се враќал дома.
Јапонски полицаец, кој имал малку повеќе испено, заспал на улица и изгубил истражни документи во кои имало лични податоци на околу 400 лица, соопшти полицијата.
49-годишен полицаец од западна Јапонија изгубил торба со документи во петокот доцна навечер, соопшти локалната полиција, додавајќи дека документите содржеле имиња и адреси на луѓе кои се под кривична истрага.
Јапонските медиуми, повикувајќи се на официјални претставници, објавија дека полицаецот излегол да пие со колегите и заспал на улица додека се враќал дома.
Кога се разбудил во близина на железничката станица, не ја нашол торбата и документите со лични податоци на околу 400 луѓе, додаваат медиумите.
Не е првпат вработените во јавниот сектор да прават некакви непријатности поради пијанство.
Така, во јуни на истокот на Јапонија, еден претприемач изгубил торба во која имало USB со лични податоци на 460.000 жители на градот Амагасаки. Бизнисменот излегол на пијачка и заспал надвор додека се враќал дома. За среќа, USB-то беше брзо пронајдено.
Фото: unsplash