„Во наредните 10 години на Балканот се подготвуваат големи земјотреси“: Сеизмолог откри каде ќе бидат најсилни!

Сеизмологот Славица Радовановиќ вели дека Балканот, со двата големи земјотреси - кај Петриња и во Албанија, навлезе во период од десет години во кој ќе има силни земјотреси.

Лазаревац пред неколку дена го погоди земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала. Само четири дена претходно потреси имаше на Мокра Гора, а во изминатите шест месеци помали земјотреси беа забележани во Младеновац, Аранѓеловац, околу Копаоник, Чачак, Крушевац...

Сеизмологот Славица Радовановиќ за РТС вели дека во изминатите 10 години имало малку, па дури и слаби земјотреси на територијата на Србија.

- Регистрирани се голем број земјотреси под јачина од два степени, но немаше земјотреси кои луѓето би ги почувствувале, се до оној момент кога очигледно, поради настаните од околината, влеговме во процес на лесна подготовка за големи земјотреси кои ќе продолжат на Балканот – рече Радовановиќ.

Таа вели дека земјотресите се случуваат во циклуси и дека Балканот со двата големи земјотреси - кај Петриња и во Албанија, полека навлегол во период од десет години во кој ќе има силни земјотреси.

- Не знаеме точно кога ќе се случи. Најсилните земјотреси се случуваат на нашите простори меѓу 80 и 100 години, но не се случуваат на истото место каде што се случиле порано, туку се случуваат во иста зона на различно место - објаснува Радовановиќ.

Таа вели дека што се однесува до Балканот, земјотресите во зоната на Јадранското Море се многу посилни отколку во Србија, а дека се‘ уште посилни во Романија.

- Нашите земјотреси на Балканот се најслаби од оние силните, ние таму не сме шампиони. Има и такви кои имаат многу посилни земјотреси од нас - нагласува Радовановиќ.

Таа вели дека црвената зона во Србија е централниот дел на земјата - од околу 40 километри јужно од Белград, па се‘ до Копаоник, со услов сеизмичката опасност да не е иста насекаде во целата таа зона.


Фото: unsplash