Во река во Германија откриени остатоци од брод стар 400 години

Во река во Германија откриени остатоци од брод стар 400 години

Остатоци од брод стар 400 години се откриени на дното на река кај северниот брег на Германија, соопштија властите во градот Либек.

Нуркачите открија остатоци од 20 метри долг ханзеатски брод на дното на реката Траве во Либек и пронајдоа повеќе од 150 барели.

Бродот пловел кон Либек кога потонал.

Градоначалникот Јан Линденау рече дека тоа е уште еден камен во мозаикот кој раскажува за економската и комерцијалната историја на градот. Според првите проценки, бродот од 17 век пловел кон Либек кога се насукал и потонал во реката Траве.

Потонатиот брод бил откриен при рутинска проверка на водениот пат. Операцијата за извлекување треба да започне на крајот на годината, рече Линденау.


Фото: Youtube - screenshoot