Во САД суша откри траги од диносаурус стари 113 милиони години (ВИДЕО)

Во Паркот на долината на диносаурусите во Тексас, реката пресушила поради екстремни суши, а пронајдени се траги од диносауруси од пред околу 113 милиони години, објавија во понеделникот во соопштението на паркот.

„Повеќето траги неодамна откриени на различни делови од реката во паркот припаѓаат на акрокантосаурус. Станува збор за диносаурус кој бил висок околу четири и пол метри и тежел близу седум тони кога бил возрасен“, изјави портпаролката на паркот Стефани Салинас Гарсија за Си-Ен-Ен.

„Во парк во Глен Роуз, Тексас, најдовме и траги од Сауросејдон, кој би бил висок околу 18 метри и тежок околу 44 тони“, додаде таа.

Трагите наскоро повторно ќе бидат покриени

Поради екстремните суши, голем број реки во паркот пресушија. Повеќе од 60% од Тексас минатата недела беше погоден од двете најинтензивни категории на суши и топлотни бранови.

Во нормални временски услови, трагите од диносаурусите во коритото на реката би биле под вода и покриени со седимент.

„Секогаш е возбудливо да се најдат нови траги од диносаурус во паркот! - изјави Гарсија.

Научниците велат дека патеките наскоро повторно ќе бидат покриени бидејќи се предвидува дожд.

„Иако овие патеки ќе бидат видливи само за кратко време, ние сме многу возбудени. Паркот на долината на диносаурусите ќе продолжи да ги штити овие патеки стари 113 милиони години не само за сегашните туку и за идните генерации“, рече Гарсија.


Фото и Видео: Youtube