Забава // Занимливости
ВОДЕНО ТОРНАДО во ресорт каде летуваат Македонци: Ги преплаши туристите на Халкидики (ВИДЕО)
- 15 Август, 2022
Туристи
кои летувале на плажата Палиури во Грција јужно од првиот крак на Халкидики Касандра биле изненадени
од огромно торнадо кое брзо се формирало недалеку од брегот.
На видеото објавено на Фејсбук се гледа торнадо со застрашувачка големина.
„Изгледа како чудовиште“, гласи еден коментар.
Другите корисници се обидоа да ја смират ситуацијата со објективни коментари.
„Чест и добро познат временски феномен. Се случува речиси секоја година. Сега е само поголем. Нема врска со еколошката хистерија“, додаде еден корисник.
„Вонземјаните ни ја земаат водата“, се пошегува еден корисник.
Фото: Фејсбук
Видео: Youtube