„ВРЕМЕВО Е ЛУДИЛО, КАКО ЗИМА ДА ЧЕКАМЕ“: Попоски предупредува на невообичаена снежна покривка на планините

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека претстојното заладување носи невообичаена снежна прекривка на планините во Македонија.

„Времево е лудило, како зима да чекаме...најновите ажурирања на прогностичките материјали цртаат невообичаено висока снежна покривка на планинските места во регионот до 18 мај, а би забелеле и планините во нашата Македонија“, вели тој.