За една вечера платиле колку за стан во Скопје: Познатиот готвач распнаат поради лошата храна - даваат милиони, а добиваат бљуткаво јадење

Познатиот готвач Нусрет Гокче неодамна се најде на удар на критики, кога неговиот ресторан доби негативни оценки поради високите цени и лошата услуга.

Нусрет Гокче важи за еден од најпознатите готвачи во светот. Тој привлече големо внимание на социјалните мрежи каде ги промовираше своите ресторани и специфичен стил на послужување храна.

Набрзо стана голема атракција, многу познати личности сакаа да го запознаат и да бидат услужени од него. Поради неговата популарност, цената на храната во неговите ресторани драстично поскапе, а доколку сакате тој лично да ви носи храна, бидете подготвени да издвоите значителна сума пари.


Почна да доживува голема слава во 2017 година кога почна да снима преработка на храна. Специфичниот и интересен начин на обработка го издвојува од другите. Посебно е познат неговиот потег при солење храна.

Нусрет Гокче, или Salt Bae има цел синџир на ресторани за стек-хаус во неколку турски градови, како и во Дубаи, Њујорк, Миконос и има послужено ѕвезди како Антонио Бандерас, Томи Хилфигер, Ашер, Андреа Бочели, Ал Пачино, Марк Валберк, Малума и многу други..



Минатата година отвори и ресторан во Лондон, но работите не беа многу светли од самиот почеток. Salt Bae најмногу се напаѓа поради апсурдно високите цени - нема медиум на островот кој не пишувал за случајот со гостите кои за една вечера добиле сметка од 37.000 фунти, која би била 2,5 милиони денари.

Набрзо почнаа да се шират негативни коментари за овој ресторан, а доби и негативни критики.


Еден разочаран гостин напишал: „Сува суво суво. Бљак. Очигледно Salt Bae ја штеди солта - како и сите други вкусови. Губење пари. Лажго на социјалните мрежи. Жал ми е за луѓето кои се убедени дека ова е добра храна.“

Имаше и такви кои застанаа во одбрана на популарниот готвач и неговиот ресторан.

„Моето искуство беше пријатно. Дефинитивно го препорачувам ако имате пари и време" - напишал еден гостин.


Фото: Инстаграм/ WWW.TRIPADVISOR.COM