„За малку ќе го погодеше син ми“: Мистериозен предмет паднал од небо и им го пробил покривот на куќата, се вмешала НАСА-еве што мислат

Откако покривот на семејната куќа на жител на Флорида бил разнесен од ведро небо од предмет, целиот свет остана во шок. Она што досега е официјално утврдено е дека сигурно не се работи за метеорит, туку за некаков метален остаток, а НАСА во текот на анализата ги објави резултатите од досегашните истражувања на овој објект.

Бизарната приказна е снимена на Флорида, а се започнало кога Алехандро Отеро добил повик од неговиот син и дознал дека необичен предмет „паднал од небо“ и го скршил покривот на нивната куќа.

Мажот бил на одмор, но веднаш се упатил кон дома и сфатил дека на таванот има дупка, додека на подот лежи цилиндричен предмет тежок околу килограм.

Алехандро објави фотографии од мистериозниот објект и предизвиканата штета на Твитер и побара од луѓето да го поврзат со вселенската агенција НАСА.



„За малку ќе го погодеше мојот син. Беше оддалечен две соби и слушна се. Мислев дека е метеорит“, рекол жител на Флорида.

Претставникот на вселенската агенција НАСА, Џошуа Финч, објави дека агенцијата го подигнала објектот и го анализирала.

- Повеќе информации ќе бидат достапни кога ќе завршиме се - рече тој.

Во овој момент, се шпекулира дека објектот е всушност „дел од низа батерии“ отфрлени од Меѓународната вселенска станица во 2021 година, пишува New York Post.

Научниците процениле дека ќе остане во орбитата две до четири години пред повторно да влезе во атмосферата на Земјата на контролиран начин.

Дали објектот „излета од курсот“ ќе се знае по истрагата на НАСА.

Астрономот Џонатан Мекдауел на социјалните мрежи објави дека верува дека тоа е дел од палетата ЕП-9 што влезе во нашата атмосфера преку Мексиканскиот залив, меѓу Канкун и Куба.


ФОТО: Твитер