ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?
Полни раце работа имаат занаетчиите во Македонија. Ако ви треба плочкар, молер, фасадер големи се шансите дека ќе треба да почекате месец или два додека да дојдат и да ја завршат работата, затоа што се презафатени. Ова се веројатно „златни времиња“ за занаетчиите. Имаат многу работа, но и добра заработка. Иселувањето во странство е фактор кој придонесе за ваква состојба.
„Јас имам многу работа. За термини се чека. Ситуацијата е таква каква што е. Чекаат луѓето најмалку месец – два за поголема работа, за фасада. Човек во Гостивар нè чекаше пола година. Сега се заработува, ама работна сила нема. Мајстори за работа тешко се наоѓаат. Сигурно ќе биде бетер, 100 отсто сум сигурен. „Златно време“ е за оние кои работат за себе. Од друга страна, да ти треба мајстор и да не е квалитетна услугата, мораш да платиш. И тие што не се мајстори, ќе си ги платиш и нив. Добро е луѓето да бараат препорака, да се распрашаат, да најдат некои мајстори кои ги знаат ако сакаат работата квалитетно да им биде завршена“, вели молер од Скопје.
Но, не е само во главниот град, туку и во внатрешноста има доста работа за занаетчиите. Дел од нив велат дека однапред имаат обврски за следните неколку месеци.
Повеќе на ФАКТОР