„За сите оние кои водат дебата дали сум жив или мртов“: Се појавија снимки - ова е последното обраќање на Пригожин (ВИДЕО

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа минатата недела, а сега наводно се појави и последното видео од шефот на Вагнер групацијата пред неговата смрт.

 Сопственикот на приватната воена компанија „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој загина минатата среда во авионска несреќа, наводно неколку дена пред смртта во видео-обраќање рекол дека се уште е жив и дека е во Африка. Како што понатаму се наведува, ова видео е направено за време на неговото враќање во Русија.

„За сите што ја водат дебатата, жив или мртов, како сум и како ми е. Сега е викенд, втората половина на август 2023 година, јас сум во Африка, па затоа и за фанатиците кои разговараат за мојата елиминација, приватен живот, заработка или нешто друго, да ви кажам - се е ок“, вели Пригожин во видеото кое кружи на социјалните мрежи.

Во видеото објавено на Твитер, основачот и сопственик на Вагнер, Евгениј Пригожин е облечен во борбена опрема и се вози во џип.


Да потсетиме дека Евгениј Пригожин, шефот на групата Вагнер, кој загина во авионска несреќа минатата недела, беше погребан на гробишта во предградието на Санкт Петербург. Погребот се одржа далеку од медиумите и во целосна тајност.

Според некои руски медиуми, на церемонијата присуствувале околу 20 до 30 луѓе, а погребот траел околу 40 минути. Извори за руската државна новинска агенција ТАСС изјавија дека церемонијата се одржала приватно само со пријателите и семејството. Сликите кои кружат на социјалните мрежи и направени од новинската агенција Ројтерс го покажуваат гробот на Пригожин, веднаш до гробот на неговиот татко.