ЗА СТРАСНИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА КАФЕ: Дали овој напиток е штетен или не?

Љубителите на кафето треба да знаат дека во кафето има соединение, кафестол (kafestol), кое го покачува нивото на холестеролот.

Кафестолот влијае на рецепторите во цревата, кои се клучни за регулирање на метаболизмот на холестеролот.

Оваа состојка ја има и во кафето без кофеин.  Тоа најмногу зависи од начинот на приготвување на кафето. Во турското кафе и нес кафето има многу големи количини. Во мала количина го има само во филтер кафето.

Причината е во начинот на подготовка на кафето. Во хартиените кесички од филтер кафето остануваат мастите од кафето, тоа се всушност состојките кои го зголемуваат холестеролот. Доколку конзумирате 5 шољи кафе дневно, во текот на четири недели нивото на холестерол во крвта ќе се покачи за 6-8 %.

Но, кафестолот е антиканцероген и го спречува ракот на дебелото црево.

Умереноста во конзумирање на кафе не создава проблем.