За викенд спиел со 33 стјуардеси, па ја возел трката на животот: Починал во сон на 45-годишна возраст
Бил познат како голем заводник и човек којшто спиел со над 5.000 жени... Џејмс Хант агресивно ги поминувал најтешките патеки во Формула 1, а тоа може да се каже и за неговиот живот.
Има многу приказни кои се доказ дека славата и парите не се секогаш на прво место, а една од 1976 година говори токму за начинот на којшто тој живеел.
За титулата шампион на Формула 1 таа година Хант се борел против Ники Лауда.
Пред одлучувачката трка во Токио, Лауда се подготвувал како што и се очекувало тоа, но затоа Хант ги потврдил своите приказни кои за него биле кажувани во текот на кариерата.
Тој поминал две седмици во хотел во Токио така што ја искористил секоја прилика да ги одведе во кревет стјуардесите на „Бритиш ервејз“.
Тоа се случило во хотелот во којшто стјуардесите одмарале помеѓу двата лета. Хант ги запознавал додека се пријавувале. Тој ќе слезел облечен само по долна облека и ќе ги однесел во својата соба. Тој спиел со вкупно 33 стјуардеси и со којзнае уште колку негови обожавателки од Јапонија.
Според непотврдени приказни, тој спиел со над 5.000 жени во текот на својот живот.
„Секое утро доаѓале нови жени. Џејмс само ќе се симнеше од собата долу, на себе носел само шорцови и одел целосно бос. Ќе се претставел кој е, ќе фател за рака некоја девојка и заминувал во собата да се забавува. Ова се случувало секој ден и ноќ“, изјавил некогашниот шеф на „Мекларен“, Аластир Колдвел.
Никој којшто го гледал Хант таа недела во 1976 година не би поверувал дека тој тогаш се подготвува за трката на својот живот. На патеката се однесувал толку бизарно што во еден момент го спуштил комбинезонот и извршил физиолошка потреба пред очите на публиката на трибините.
Потоа седнал во својот „Мекларен Форд“ и ја започнал трката. Завршил втор зад Марио Андрети, неговиот најголем ривал Ники Лауда бил трет и Хант станал шампион на светот.
Легендарниот возач светот го напушти во 1993 година, а починал во сон на 45-годишна возраст. Бил познат по својот неверојатно агресивен стил на возење, но останал запаметен како уште поголем заводник, па Колдвел за него рекол:
„Тој можеше да најде акција дури и кога никој нема на патот во текот на дождливите неделни ноќи“.