Жал ни е, зафатени се: Стапија во брак Мис Аргентина и Мис Порторико
Маријана Варела и Фабиола Валентин, кои ги претставуваа своите земји како Мис на Аргентина и Мис Порторико, сега се во среќен брак една со друга...
Ова е еден од начините да се воспостават добри меѓународни односи, а оваа двојка убавици се запознаа на изборот за Мис на светот 2020 година за Мис Гранд Интернационал (MGI), оттогаш тие ја чуваат својата врска во тајност. Сепак, тие сега решија да ја откријат својата љубов преку социјалните мрежи и да објават дека официјално стапиле во брак.
Маријана се огласи на Инстаграм за да објави: „Откако решивме да ја задржиме нашата врска приватна, сепак ја отворивме вратата за сите на овој многу посебен ден“. Заедно со описот, оваа убавица сподели и видео во кое открива како тие две се вериле. Дневната соба беше исполнета со црвени, бели и златни балони, додека на прозорецот беа прикачени зборовите „омажи се за мене?“.
Свеќи беа поставени насекаде низ собата и како што се испостави овие две убавици изгледаат многу среќни додека ги ставаат прстените на рацете. Убавата двојка доби честитки од луѓето ширум светот и поддршка за нивната врска и претстојната венчавка.
Маријана им се заблагодари на сите за прекрасните зборови на поддршка, изјавувајќи: „Ви благодариме на сите за вашата љубов! Многу сме среќни и благословени. Сакаме љубовта што ни ја давате да ви биде вратена повеќекратно! Ви благодарам многу!".
Варела ја претставуваше Аргентина на натпреварот за Мис Универзум 2019, завршувајќи на десеттото место, додека следната година на Мис Гранд Интернационал се запознала со Фабиола, завршувајќи на истата позиција, па можеме да кажеме дека се топ десет во секој случај.