„Заплакала Македонија за Путин“: Дали се сеќавате?

Песната посветена на рускиот претседател Владимир Путин „Заплакала Македонија за Путин“ стана хит кај нас во 2017 година.

Ја отпеа Александар Џепаровски, а ја користи музиката на популарна песна „Мариево плачеше“.

Песната го повикува рускиот претседател да дојде и да ја спаси Македонија од ЕУ, НАТО и Соединетите држави, а Путин одговара дека тоа ќе го стори веднаш штом ја заврши работата во Сирија и Турција.

Песната стана хит за време на предизборната кампања во 2017 година, а освен на социјалните мрежи, може да се слушне и на локалните радиостаници.

Да се потсетиме на песната: