Запознајте се со картичката што ќе посакате да ја имате во вашиот паричник

За оние кои сакаат да обезбедат поголема куповна моќ, Visa Gold кредитната картичка на Халкбанк е идеален избор. Со кредитен лимит до 600.000мкд, во зависност од кредитната способност и кредитната историја на клиентот, оваа картичка овозможува полесно покривање на сите трошоци - за пазарување, патување, забава и друго. Но таа нуди и низа други поволности кои прават секој да посака да ја има во својот паричник.

Купувањето со кредитна картичка е заем кој треба да се врати, а тој заем секако има процент на месечна отплата. Visa Gold картичката има минимална месечна отплата од само 3% од искористениот лимит, а овие средства понатаму може повторно да се користат. Дополнително, каматната стапка на оваа картичка е најниска за овој вид картички и изнесува само 7,5%.

Зарем има нешто попримамливо од можноста ем да трошите, ем да добивате попуст и поврат на средства од направеното плаќање. Токму тоа го нуди бонус програмата на Халкбанк. Како и другите кредитни картички од оваа банка, така и Visa Gold овозможува на своите корисници да заработуваат бонус поени кои се вредносно еднакви на пари, односно 1 поен=1денар. Овие поени се собираат во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места кои Банката континурано ги спроведува, а може да се потрошат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк.. Дополнително, како релативно нова картичка во портфолиото на Халкбанк, првите 1.500 корисници на Visa Gold добиваат 500 бонус поени на крајот на месецот доколку направат минимум една трансакција на ПОС терминал.

А сте слушнале за картичка со која патувате, трошите и добивате пари назад?  Токму тоа го овозможуваVisa Gold, бидејќи за секоја резервација направена на booking.com со Visa Goldкартичката добивате 4% повраток на парите! А дополнително, доколку патувате во хотелите од Visa Luxuryгрупата, добивате и посебни цени и предности.

Покрај сите овие предности и бенефити, Visa Gold картичката со себе носи и полиса за осигурување од незгода од Халк Осигурување со годишна премија од 600 денари, која важи во периодот на рокот на отплата на Visa Gold картичката. Корисникот на картичката нема дополнителен трошок за оваа полиса бидејќи тоа го покрива банката. Полисата се обновува секоја година и важи секаде и во секое време т.е. има неограничено територијално и временско покритие.

Visa Gold на Халкбанк е картичка која ги поседува највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure - Verified by Visa - VbV и MC Secure Code), со што нејзините корисници се заштитени при секое плаќање. Исто така, нуди можност за подигање готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк, и овозможува плаќање до 60 рати без камата во над 800 партнери на банката.

Аплицирајте веднаш тука, бидејќи знаеме дека веќе посакувате да ја имате оваа златна картичка!

ПР-Објава