Заради алармантното загадување на воздухот во Тетово, Куманово и Кавадарци, стапуваат во сила посебни мерки
Конечно нешто конкретно во врска со аерозагадувањето во Македноија.
Заради алармантното загадување на воздухот во Тетово, Куманово и Кавадарци два дена последователно, стапуваат во сила посебни мерки во овие градови.
Се задолжуваат државните и локалните институции да ја намалат за половина употребата на службените возила, да се обезбедат ограничувања на работите на градежните објекти, како и прифатилишта за сместување на бездомници.
Мерките предвидуваат да им се препорача на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронични болести.
Надлежните инспекторати, пак, треба да почнат со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А дозвола, а и на нив им се препорачува оние што произведуваат топлинска или електрична енергија.