Застрелал двајца врсници: Полицијата трага по Адин Мемиќ (23), осомничен за обид за убиство во Сараево

Полицијата трага по Адин Мемиќ (23) од Сараево, кој е осомничен за обид за убиство, односно пукањето што се случи синоќа во кафеана во сараевската населба Џиџиковац

Во престрелката се ранети двајца мажи, а по напаѓачот е распишана потерница, пишува Аваз, а пренесува Српскаинфо.

Имено, синоќа околу 20 часот и 50 минути од ЈУ Центар било известено дека во угостителски објект на улицата Џиџиковац било употребено огнено оружје и дека има повредени лица.

Со излегување на терен полициските службеници ги потврдиле наводите од пријавата.


Се посочува дека поради дејство на огнено оружје, повредени се двајца мажи, двајцата на возраст од 23 години. На првиот му биле констатирани полесни повреди во пределот на десната рака, а по укажана лекарска помош бил отпуштен на домашно лекување, додека на вториот му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот и му била укажана лекарска помош во КЦУС, К.С. соопшти Министерството за внатрешни работи.

Извор: блиц.рс