Затворот Идризово има капацитет за 1000 лица: Дали е доволен за сите криминалци?
Во Македонија постојат повеќе затвори, односно казнено-поправни домови (КПД), како што се нарекуваат во официјалната терминологија, чиј вкупен капацитет изнесува скоро 2.026 лица во затворскиот дел и скоро 450 во притворските одделенија.
Според големината, најголем затвор е КПД Идризово чиј капацитет изнесува нешто над 1.000 лица, а потоа следуваат следниве затвори: КПД Штип со капацитет од приближно 210 лица; затвор Скопје со капацитет од 128 лица во затворскиот дел и 310 лица во притворските одделенија;
Затворот Куманово со капацитет од 178 лица во затворскиот дел и 48 лица во притворските одделенија; затвор Прилеп со капацитет од 85 лица во затворскиот дел и 16 лица во притворските одделенија;
КПД од отворен тип Струга, со капацитет од 60 лица; затвор Тетово, со капацитет од 48 лица во затворскиот дел и 24 лица во притворските одделенија; затвор Битола, со капацитет од 60 лица во затворскиот дел и 22 лица во притворските одделенија; затвор Струмица, со капацитет од 62 лица;
Затворот во Гевгелија, со капацитет од 43 лица во затворскиот дел и 12 лица во притворските одделенија; отворено одделение во Крива Паланка, со капацитет од 23 лица; и малолетнички затвор Охрид, со капацитет од 35 лица во затворскиот дел и 18 лица во притворските одделенија. Покрај овие затвори, постои и воспитно-поправен дом во Тетово со капацитет од 43 лица.
Фото: Youtube- принтскрин