Зеленски доби Оскар за глума: Славниот Шон Пен му ја врачи најважната филмска награда на претседателот на Украина! (ВИДЕО+ФОТО)

Популарниот американски актер Шон Пен му поклони Оскар на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Киев.

„Овој пат нашата средба беше посебна. Шон го донесе својот Оскар како симбол на вербата во победата на нашата земја. Тој ќе остане во Украина до крајот на војната“, рече Зеленски.


Претседателот на Украина на Пен му врачи Орден за заслуги од трет степен и му се заблагодари „за неговата искрена поддршка и значајниот придонес за популаризација на Украина во светот“. 

Инаку, актерот и режисер по трет пат ја посети Украина за време на војната меѓу Русија и Украина.


Фото и Видео: Твитер