Жената има љубовници колку ѝ душа сака, кога се разведува, родителите прават забава: Ова остава без здив
Племето Туарег го нарекуваат и „сини луѓе на Сахара“ затоа што носат шалови во боја на индиго кои треперат на ветрот на Сахара.
Она што е интересно за ова племе е тоа што на жените им е дозволено да имаат повеќе сексуални партнери надвор од бракот, да го задржат својот имот по разводот, додека мажите толку многу ги почитуваат што не се осмелуваат да јадат во иста просторија каде што се жените.
Туарезите се племе кое го прифатило исламот, а во исто време се придржувало до некои обичаи кои не се прифатливи за поширокиот муслимански свет.
Припадниците на ова племе не го покриваат лицето.
Интересно е што жената, пред да се омажи, може да избере љубовници колку и душа сака.
Момчињата често влегуваат од страната на шаторот каде ги чека девојката со која ќе преноќат, додека целото семејство се прави дека не забележува. Ако истата девојка следната вечер донесе друг дечко во шаторот, никој нема да ја обвини.
Она што е код што не може да се скрши е приватноста. Сè што прави ова племе, прави дискретно и со почит. За љубовниот живот на жените не се зборува, а мажите не се фалат со својот интимен живот.
Опуштените обичаи околу сексуалните партнери доведоа до тоа девојчињата да се венчаат подоцна отколку што инаку би се венчале.
Момчињата им се додворуваат на девојчињата со рецитирање поезија, а не се ретки ситуации во кои и девојките им пишуваат писма на момчињата.
Кога ќе стапат во брак, жените не ја губат својата моќ. Жената е сопственик на куќата и животните, а животните се сопственост на племето Туарег.
"Животните се сè за Туарегот. Ние го пиеме нивното млеко, го јадеме нивното месо, ја користиме нивната кожа, тргуваме со нив. Кога животните умираат, туарезите умираат", велат членовите на ова племе.
Ако членовите на ова племе се разведат, целиот имот и припаѓа на жената и нема срам за развод. Семејството често ќе организира забава за своите разведени ќерки, така што другите мажи ќе знаат дека таа е самохрана жена.
Stil kurir