Жените се менуваат, пријателите остануваат засекогаш!
Истражувањата и најновите анкети покажаа дека најдобрите пријатели имаат посилна врска отколку мажите и жените..
Пријателството помеѓу
двајца мажи е нешто што тешко може да се опише со зборови. Со тек на време,
нашиот најдобар пријател го доживуваме како брат и го сметаме како дел од
нашето семејство. Најдобрите пријатели се секогаш тука за нас, во било кое
време и на нив секогаш можеме да се потпреме.
Поради тоа ние создаваме силна и нераскинлива врска која може да трае до крајот на нашите животи. Меѓутоа, често се зборува дека оваа врска не може никако да се спореди со љубовните врски помеѓу маж и жена и како жените се токму тие кои влегуваат во средина меѓу пријателството на мажите.
Се испостави дека тоа не е точно и дека врската помеѓу двајца најдобри пријатели е надалеку посилна отколку машко-женските врски. Истражувањето кое е извршено во Австралија покажа дека мажите се многу приврзани и блиски со својот најдобар пријател и дека нема да допуштат ништо да ги раздели.
Иако, некои мажи своето време го делат со пријателите и со својата понежна половина, 65% од испитаниците се изјасниле дека би ја оставиле својата девојка, ако треба да изберат помеѓу неа и својот најдобар другар.
И после се, американската изрека „Bros before hoes“ изгледа дека е точна и дека помеѓу двајца најдобри пријатели никој не може да попречи: затоа нека внимаваат дамите, бидејќи ако се најдат во средината помеѓу двајца најдобри пријатели, веројатноста дека ќе го изгубат мажот е се што им преостанува.