ЗГОЛЕМЕН ПРИНОС ПО АКЦИЈА: Македонски телеком ќе исплати дивиденда за 2020 година
Успешното работење и позитивните резултати што Македонски Телеком ги оствари во 2020 година, придонесоа и за зголемување на дивидендата и дивидендниот принос по акција. Според Одлуката на Собранието на акционери, ќе се исплати дивиденда во бруто износ од 16,02 денари по акција, што е зголемување во однос на 2019 година, кога се исплатени 15,4 денари по акција, соопштија денеска од компанијата.
Дивидендниот принос по акција е зголемен за 6 проценти, од 4,8 отсто за 2019 година на 5,1 отсто за 2020 година.
„Од зголемувањето на приходите во 2020 година, бенефит ќе имаат и акционерите. Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе се изврши на 22.09.2021 година, а право на дивиденда имаат сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком на 15.07.2021 година, стои во соопштението.
Повеќе детали околу износот и начинот на исплата на дивидендата како и достава на податоците може да најдете на следниот линк