Животот на земјата се менува од корен: Фејсбук наскоро ќе ве префрли во вештачки свет - но по која ЦЕНА? (ВИДЕО)

Револуција ...

Марк Цукерберг, сопственикот на Фејсбук, неодамна објави нешто што беше незамисливо - дека Фејсбук ќе го смени името и наскоро ќе се вика „Мета“.

Според најавите, „Мета“, односно „Метаверс“ ќе претставува револуција во функционирањето на социјалните мрежи, каде што корисниците со помош на виртуелната реалност ќе можат да се префрлат на вештачкиот свет и да вршат разни дневни активности. Ова вклучува играње игри со пријатели, или со луѓе од другиот крај на светот или анимирани ликови, разговор во кафулиња, вежбање во теретана и слично. За ова е потребен VR сет, очила кои веќе постојат и ве пренесуваат во виртуелна реалност.

Сега е објавено видео каде што можете да видите како ќе изгледа:

@metaverse.io

Play from anywhere and with anyone across the world. #metaverse #meta #gaming

original sound - Meta

Значи, тоа е следниот чекор во развојот на вештачката интелигенција и уште поголемо „давење“ во сферата на интернетот. Во секој случај, можноста за многу пореална комуникација со луѓето е многу примамлива и, судејќи по рекламите, делува моќно.

Јавноста засега гледа на „Метаверс“ на Цукерберг со голема доза на скептицизам, а многумина веруваат дека е направен за да се прикријат низа скандали кои значително ја намалија довербата во неговиот „Фејсбук“ (разни злоупотреби на кориснички податоци, во политички кампањи и за огромни цели).

Не се знае дали за оваа услуга ќе се плаќа, дали корисниците ќе бидат бомбардирани со реклами и каков е планот за приватност. Освен тоа, како да нема доволно зависници од Интернет и Фејсбук... Постои реална опасност милиони луѓе да се изгубат во нацртаната реалност.

Од друга страна, неизбежен е новиот чекор кон уште пореален виртуелен свет и некако е логично Марк Цукерберг да биде пионер во тој домен. Дали тоа ќе биде позитивен чекор напред или само уште еден начин да се достигне нови милијарди долари? Времето ќе покаже.


Фото и Видео: ТикТок