„Знае ли некој што е ова“: Пронајдоа необично суштество, па снимката стана вирална

Корисник на Твитер сподели видео од чудни животни и ги прашал другите дали знаат за што станува збор, а снимката стана вирална.

Повеќе од 19,3 милиони луѓе го гледале видеото, а некои се преплашени. Иако повеќето луѓе се шегуваа и делеа мемиња, неколкумина одговорија.


Тоа е отровен црв, латински наречен Lineus longissimus, кој е како слуз и расте до 55 метри во должина и е едно од најдолгите животни на земјата.