Знаете ли зошто најчесто не чувствувате кога ќе ве касне комарец?
Кога дел од телото ќе почне да ве чеша, сфаќате дека сте биле мета на комарци. Сепак, ретко ќе го почувствувате моментот на самиот убод.
Докторот Сермед Межер од Лондон ја открил причината зошто не чувствуваме кога не каснува комарец. Имено, како што објаснил тој, причината е што плунката од комарец има слични својства како анестетик.
„Со убодот од инсектот започнува и вбризгување на локален анестетик во кожата, така што нема да го почувствувате. Шест игли влегуваат во кожата, од кои едната ја пробива кожата, а другата служи за да пие крв“ изјавил тој.
Колку и да се трудите да ги избегнете комарците и колку и да користите разни препарати, тие буквално се лепат до некои луѓе. Патот до „жртвата“ не е комплициран, а женските комарци ги следат издишувањата богати со јаглерод диоксид. Според експертите, комарците избираат кого да каснат врз основа на видот и количината на пот што ја лачиме.
Важно е да се напомене дека комарците ги следат луѓето по мирис. Женките ги користат сите сетила за да одлучат дали сакаат да гризат некого или не. Јаглеродниот диоксид што луѓето го издишуваат заедно со разни хемикалии создава мирис што комарците го мирисаат дури и кога се оддалечени 30 метри од луѓето.