„Кажав „да“ на човекот кој што ме прави да се чувствувам посебна, кажав „да“ на среќата, кажав „да“ на љубовта, кажав „да“ на еден нов живот во кој ќе има само убавини… Те сакам највеќе на цел свет“, напиша поп пејачката Зорица Блажева- Зои Блаж на своите профили на социјалните мрежи.
Словенецот Тадеј Матијашиќ, поранешниот ракоментар на ракометниот клуб „Металург“, кој моментално игра во германскиот град Зул е нејзиниот сакан со кој подолго време заедно се во Германија.
Инаку, Зои не е активна сега на музичката сцена но и тоа како активна на полето на шминкерството.