ЗОРАН И ЗОРИЦА ЗАЕВИ НА ОПУШТЕН ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД НА МОРЕ - закуска со овошје и пијалок со пријателите

Поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, имал опуштен продолжен викенд, со неговата сопруга, но и со членови на СДСМ, најверојатно во Грција, каде што овој политичар има своја куќа, на Халкидики. 

Членка на СДСМ на социјалната мрежа фејсбук сподели фотографија со Заев на 6 јуни, годинава, на која се гледа како таа, Заев, неговата сопруга Зорица, но и пратеникот, а поранешен и координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, заедно со други пријатели и познаници, имаат опуштена закуска со овошје и пијалок, веројатно во некоја од грчките таверни.

Од наредни слики се гледа дека Заеви го продолжиле викендот во Грција и во наредните денови од изминатиот продолжен викенд.