Зошто Џорџ и Амал Клуни ги отфрлија принцот Хари и Меган? Беа неразделни, сега не сакаат да се видат
Една изјава што Клуни ја дадоа по кралската венчавка на сите им направи да се чувствуваат непријатно, но тоа не ја спречи четворката да се дружи... а потоа засекогаш си го свртија грбот едни на други.
Принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, неодамна дознавме, веќе не се во добри односи со семејството Бекам, со кое се блиски пријатели со години.
Како што пренесуваат странските медиуми, Меган Маркл изразила сомнеж дека Викторија и Дејвид Бекам на новинарите им даваат детали за нивниот приватен живот, што доведе до крај на нивното пријателство.
Како што пишуваат сега медиумите, им снемува парови за дружење, бидејќи нивни пријатели веќе не се ни холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга и позната адвокатка Амал Клуни.
Поранешните блиски пријатели често се посетуваа еден со друг во минатото, а Клуни беа добредојдени гости во домот на принцот Хари и Меган Маркл, и додека живееја во Англија, а подоцна и во Лос Анџелес, пишува „Дејли Мирор“. Меѓутоа, работите сега се сменија бидејќи Џорџ и Амал градат поблиски односи со кралот Чарлс III, таткото на Хари.
Да потсетиме, Клуни беа меѓу најзабележителните гости на венчавката на во 2018-та година, а ги „обрукале“ младенците кога еден од гостите ги праша како ги запознале Хари и Меган.
Поранешната цимерка и блиска пријателка на принцезата Дијана ја искористи единствената прилика да разговара со актерот и адвокатот на венчавката и ги праша како ги познаваат невестата и младоженецот.
- Не ги познаваме - учтиво одговориле Клуни.
Потоа се пишуваше дека Меган и Хари ги поканиле Џорџ и Амал за да изгледаат како да се дружат со влијателни луѓе, како и да се зближат со оваа позната двојка, што подоцна и успеале.
Извештаите за наводниот судир на парот сега доаѓаат во време на гласини дека Меган Маркл сака да се етаблира како „моќен играч“ во Холивуд, откако нејзиниот имиџ е малку извалкан во последно време. Таа неодамна потпиша договор со реномираната холивудска агенција Вилијам Морис Ендевор, се шпекулира дека подготвува нова книга за својот живот, а сѐ погласни се тврдењата дека Меган му се враќа на актерството.
Извор: glossy.espreso.co.rs