Зошто ќелавите мажи не треба да одат во Мозамбик: Ќе ве „мавне“ шок

Без разлика дали некој е природно ќелав или си ја бричи главата, сите ќелави имаат едно нешто заедничко - никогаш не смеат да одат во Мозамбик...

Дом е на тропска клима и големи крајбрежни плажи, земја исполнета со многу совршенства на природата, сместена во Источна Африка...

Описот на овие прекрасни плажи и улици преплавени со сонце на Мозамбик е далеку попривлечен од пешачењето по локалните тротоари, но полицијата во земјата издаде предупредување до некои туристи по бројните напади и инциденти кои се случија. Пет мажи се убиени во Мозамбик и централниот кварт Миланза, од кои тројца се убиени во рок од една недела во ритуални напади, потврди полицијата.

Полицијата предупреди дека ќелавите мажи би можеле да бидат цел, додека Алфонсо Дијаз, командант на централната единица на провинцијата Замбези, објасни дека постои бизарно суеверие за тоа што се крие под сјајната кожа на ќелав маж. Како што изјавил: „Ова верување се заснова на фактот дека главите на ќелавите луѓе поседуваат злато под кожа“.

Според Хозе Тембе на Би-Би-Си, полицијата верува дека идејата за богатство скриено во главите доаѓа од „јасновидците“-вештерки кои се обидуваат да ги натераат своите клиенти да им донесат глава на личност.

„Мотивот доаѓа од суеверието и културата на локалните заедници кои ги сметаат ќелавите луѓе за богати“, објаснува командант Дијаз. Притоа, полицијата уапси и двајца осомничени за нападите и убиствата извршени во 2017 година, а се работи за двајца локални лица на возраст од околу дваесет години.

Портпаролот на регионалната безбедност, Мигел Каетано, по настаните за АФП изјави дека на една од жртвите кои го загубиле животот му ја отсекле главата и му ги извадиле органите. Осомничените, наводно, објасниле дека органите се користеле во ритуали за да се врати здравјето на клиентите во Танзанија и Малави.

Засега не е јасно дали имало дополнителни мотиви по овие напади, но властите на голем број земји ги предлагаат на своите граѓани да не патуваат во областите Муеда, Нангада, Палма, Мокимбоа да Праја, Муидумбе, Мелуко, Макомија. , Квисанда и Ибо, вклучително и острови во близина на главниот брег, како резултат на напади од групи наводно поврзани со исламистички екстремизам.