Зошто уринарните инфекции се почести кај жените?
Инфекциите на уринарниот тракт се почести кај жените отколку кај мажите бидејќи кај жените уретрата е пократка, рамна и широка и поради тоа бактериите полесно може да преминат во мочниот меур. Значи, причината е пред се‘ заради анатомијата на уринарниот систем, каде кај жените мочниот канал е многу пократок за разлика од мажите. Друга причина е близината на мочниот и аналниот отвор, па можноста за премин на бактериите од фецесот е многу веројатна. Поради истата причина, и девојчињата почесто заболуваат од уринарни инфекции. Уринарните инфекции се поврзани и со сексуално преносливите болести кај жените. Кај жените, исто така, почести се и воспаленијата на мочниот меур или циститис, а кај мажите почесто е воспалението на уретрата или уретритис. Ако овие воспаленија не се лекуваат, може да дојде до компликации, при што воспалението се шири до бубрезите и се појавува пиелонефритис или многу тешка инфекција уросепса. Речиси 90% од уринарните инфекции се предизвикани од бактеријата Ешерихија коли која вообичаено се наоѓа во цревата. Други бактерии кои предизвикуваат инфекција се стафилококи, протеус, клебсиела, енетерокок и псеудомонас. Одредени инфекции на мочниот меур може да бидат поврзани и со предизвикувачите на сексуално преносливите болести хламидија и микоплазма. Други состојби кои ја зголемуваат можноста за инфекција се: напредната возраст(жени во менопауза), бременост, жени кои користат дијафрагма како контрацепција, практикување на анален секс итн. Во секој случај превентивните мерки се многу важни и со нивна примена може целосно да се избегне појавата на некоја уринарна инфекција. Придржувајте се до следните совети:
1.Лична хигиена: Прв и најважен фактор во спречување на појава на уринарна инфекција..
2.Бришете се од напред кон назад: Водете сметка за ова, особено по голема нужда. Повеќето уринарни инфекции се предизвикани од ректална бактерија која го напаѓа вашето вагинално подрачје.
3.Пијте доста вода: Водата помага за измивање на бактериите во уринарниот тракт и така го намалува ризикот од уринарна инфекција.
4.Избегнувајте создавање запек: Запекот го зголемува бројот на бактерии кои се создаваат во подрачјето помеѓу вагината и анусот. За полесна работа на цревата најважна е исхраната.
5.Уринирајте секогаш кога имате потреба
6.Носете само долна облека од памук
Жените кои се склони на чести уринарни инфекции треба да практикуваат употреба на природни антимикробни препарати (додатоци во исхрана) кои се доста ефикасни во намалувањето на бројот на Ешерихија коли како во урогениталното подрачје, така и во дигестивниот систем. Еден таков пример е комбинацијата од Д-маноза и пробиотик Saccaromycesboulardii. Д-Маноза делува многу едноставно - кога се користи, E. coli бактериите формираат коагрегати со оваа едноставна молекула на шеќер, а потоа се ослободуваат од телото со мокрење. Притоа добрите бактерии остануваат недопрени. Saccaromycesboulardii пак има леплива надворешна обвивка на која се прикачуваат E. Coli бактериите и на тој начин помага да се отстрани од телото. Со неутрализирање на E. coli во цревата, ја намалува популацијата на таа бактерија во телото и го спречува нејзиното ширење во уринарниот тракт. Оваа комбинација е ефикасна како во третманот така и во спречувањето на повторливи уринарни инфекции доколку се користи како превентива во рок од неколку месеци.
Мр.Фарм Славјанка СпироскаПР објава