Зошто варењето на храната е клуч за добар ден и како Баланс+ помага

Сите сме ги имале оние денови кога ни недостасува енергија, сме раздразливи, а фокусот е никаде. И често, не знаеме зошто. Но, одговорот може да се крие во едно неочекувано место: стомакот. Варењето не е само физиолошки процес, тоа е темел на нашата енергија, расположение и целокупна благосостојба.

Како варењето влијае на сè останато? Нашиот дигестивен систем е директно поврзан со мозокот преку т.н. gut-brain axis (црево-мозок оска). Тоа значи дека состојбата на нашите црева испраќа сигнали до мозокот, и кога варењето е нарушено, често чувствуваме замор, анксиозност или ментална магла. А кога стомакот работи „како по книга“ и ние се чувствуваме стабилно, енергично и со бистар ум.

И тука доаѓа најважното прашање: како да си помогнеме за подобро варење во дигестивниот систем?

Пробиотици, пребиотици и „храната што прави разлика“

За да го одржиме дигестивниот баланс, телото има потреба од сојузници. Тие се: пробиотици – живи, корисни бактерии кои природно живеат во нашите црева. Тие го поддржуваат варењето, го спречуваат растот на штетни бактерии и го зајакнуваат имунитетот и пребиотици – влакна кои служат како храна за пробиотиците. Без нив, пробиотиците не би можеле да „преживеат“ и да ја вршат својата функција.

Кога овие два елемента се во рамнотежа, дигестивниот систем функционира оптимално што веднаш се одразува и на нашето расположение и енергија.

Баланс+ – функционален одговор за секојдневниот живот

Во морето од брзи оброци и стрес, понекогаш ни треба нешто едноставно и ефективно. Токму тоа го нуди Баланс+, пробиотски млечен производ кој претставува функционална храна. Но што значи тоа? Функционална храна е храна што, покрај основната хранлива вредност, има и специфични придобивки за здравјето. Баланс+ не е само јогурт, тој содржи избрани пробиотици и хранливи материи што го поддржуваат дигестивниот баланс.

Со редовна консумација, Баланс+ го подобрува варењето, ја намалува надуеноста, ја стабилизира цревната микрофлора и помага во подобра апсорпција на нутриенти.

Вклучувањето на Баланс+ во секојдневието е еден мал гест што прави голема разлика, а е лесно и природно. Еве неколку совети како да го направите тоа:

·Консумирајте го наутро, за да му дадете поттик на варењето уште од стартот на денот.

·Комбинирајте го со овошје, мусли или интегрални житарки – така ќе додадете пребиотици и дополнително ќе го поддржите микробиомот.

·Пијте доволно вода низ денот, бидејќи и хидратацијата игра важна улога во варењето.

Дури и ако не го промените целото мени, само оваа една навика – секојдневно по една чаша Баланс+ – може да биде чекор кон подобро чувство во телото и во умот.

Варењето е повеќе од храна – тоа е како се чувствуваме секој ден. На крајот од денот, не се работи само за тоа што јадеме туку како телото го доживува тој оброк. Кога варењето е лесно и стабилно, сè друго е полесно, мислите се побистри, телото е полесно, а расположението порелаксирано.

Со Баланс+ правите мал чекор што води кон голем резултат – добар стомак, добар ден.