Забава // Занимливости
60-минутен молк: Скопје, Охрид, Кочани денес на мирен собир и протестен марш- еве во колку часот

По многубројните мирни собири во повеќе градови на нашава земја и регионот по повод страотниот пожар во дискотеката на смртта во Кочани, денес повторно се најавени такви собири.
Едниот ќе биде во Охрид, а другиот во Скопје.
Мирниот собир во Скопје е организиран од Студентскиот пленум и ќе се одржи во градскиот парк од 16:30 часот. „Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се вели во најавата на собирот објавен преку „Студентски пленум“.
Собирот е закажан за тревникот позади споменикот на Гоце Делчев, а во 16:59 часот ќе се одржи 60-минутен молк.
Собирот во Охрид е организиран од младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет.
Во Кочани најавите се дека секој ден од 15 часот ќе се одржуваат протестни маршови на кои ќе се бара одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ каде што животот го загубија 59 млади луѓе.