Денес е пролетна рамноденица: Каква врска има со Македонија и колку не знаеме
Рамноденица е кога должината на денот и ноќта се исти и се случува 2 пати годишно, на почетокот на пролетта и на есента. На 21-ви март е пролетната рамноденица, на 21-ви јуни е летната долгоденица, на 21-ви септември е есенската рамноденица и на 21-ви декември е зимската краткоденица.
Според многумна, токму рамноденицата, особено пролетната, играла значајна улога за културниот развиток на Македонската цивилизација од минатото. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, пропратени со приложување на жртви за да се има успешен род .
Таа е пресликана во сопствениот јазик, писмо, симболика како и сопствениот подвиг за опстанок, со висок уметнички квалитет, забележана на камен, дрво, теракота, земја, кожа, хартија, вез и килим, скулптури, релјефи и цели објекти со естетско научнo значење. Рамноденицата како процес, се верува дека е основна двигателна и појдовна точка, е еден клучен и значаен момент на целокупната шема за разбирање и одгатнување на нашата културата.
Тргнувајќи од овој природен процес дознаваме и за нераскинливиот дел од нашата култура- македонската носија. Токму најспецифичниот симбол- митскиот симбол за пролет, претставен со четири триаголници или четири пирамиди, четири годишни периоди, со кои се формира еден четвороаголник наречен АР, составен од два или четири триаголници, е симболот застапен и на македонските народни носии, килими, везови, како и на орнаменти на керамика и други употребни предмети, од дамнина па до денес. Не е со сигурност докажано од каде точно потекнува овој симбол, но се среќава и во најстарите цивилизации на светот.