„ Имам среќа што ги примив вакцината и бустерот“: Бил Гејтс позитивен на корона

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот и основач на Мајкрософт, е позитивен на коронавирус.

Гејтс на Твитер напиша дека има благи симптоми велејќи дека ќе биде во изолација додека не се чувствува добро.

„Имам среќа што ги примив вакцината и бустерот и што имам пристап до тестови и одлична медицинска нега“, напиша тој.


Гејтс често даваше јавни предвидувања за тоа кога ќе заврши пандемијата. Во една од последните што ги објави на почетокот на мај, тој предупреди дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на коронавирус.


Фото: printscreen