Момче пронајде предмет од 3.500 години што сведочи за неверојатно нешто
Едно момче (6) од Израел за време на патувањето со неговите родители на југот на земјата најде 3.500- годишна глинеста плочка за која археолозите сметаат дека е единствена.
Семејството се шетало низ селото Реим во март, кога момчето забележало мала квадратна плоча на која биле врежани две фигури, соопшти израелската управа за антиквитети.
Случајот веднаш беше однесен на експерти за проценка, а од таму велат дека има непроценлива вредност.
На плочата се гледа како војник во здолниште со појас турка гол заробеник, чии раце се врзани зад грб, објаснуваат експертите, додавајќи дека уметникот сакал да покаже понижување на затвореникот.
Израелските власти соопштија дека откритието ќе придонесе за нивните претходни истражувања за стариот хананејски град Јерзи.
Хананејците биле народ спомнат во Стариот завет. Голем дел од нивната земја, наречена Ханан, подоцна ќе стане позната како Израел.
Тој дел бил населен околу 2.000 п.н.е. Живееле во области кои, според античките текстови, веројатно вклучувале делови од современ Израел, палестинска територија, Либан, Сирија и Јордан.