НАТО бомбардирањето на СРЈ низ фотографии
фото:MCT / ZUMA PRESS / PROFIMEDIA
Нападите на Југославија траеја 78 дена без прекин, при што беа сериозно оштетени инфраструктурата, деловните објекти, здравствените установи, медиумските куќи, училиштата...
На дваесет и четврти март 1999 година, во 19 часот и 45 минути, НАТО изврши воздушни напади врз Сојузна Република Југославија.
Интервенцијата на НАТО беше извршена без одобрение на Советот за безбедност поради обвинувања дека српските безбедносни сили вршат етничко чистење на косовските Албанци. Непосредна причина за акцијата биле настаните во Рачак и одбивањето на југословенската делегација да го потпише Рамбујескиот договор.
Нападите траеја без прекин 78 дена, при што беа сериозно оштетени инфраструктурата, деловните објекти, здравствените установи, медиумските куќи, училиштата...
Нападите беа прекинати на 10-ти јуни, по потпишувањето на воено-техничкиот договор за повлекување на југословенската војска и полиција од Косово и Метохија. Истиот ден, Советот за безбедност ја усвои Резолуцијата 1244, според која СР Југославија (Србија) го задржува суверенитетот над Косово и Метохија, но станува меѓународен протекторат под управа на УНМИК и КФОР.
ЛИНК до ФОТОГРАФИИ