Силуриска хипотеза: Дали сме првата цивилизација на Земјата? (ВИДЕО)

Дали во минатото постоела напредна цивилизација која исчезнала поради последиците од глобалното затоплување, предизвикани од нејзиното дејствување на планетата?

Силуриската хипотеза сугерира дека пред милиони години можеби постоела нечовечка цивилизација на Земјата која била способна да го трансформира светот и да предизвика климатски промени споредливи или поголеми од оние предизвикани од човештвото за време на индустриската ера.

Во еден научен труд од 2018 година, Адам Френк, астрофизичар од Универзитетот во Рочестер и Гевин Шмит, директор на Институтот за вселенски студии Годард, замислиле напредна предчовечка цивилизација и се прашувале дали е можно да се открие индустриска цивилизација.

Научниците своите наоди ги темелат на студијата за феноменот познат како „Палеоценско-еоценски термички максимум“, драматична климатска промена која го означи крајот на палеоценот и почетокот на еоценот, пред 56 милиони години.

Во тој историски период просечната температура на Земјата била за 15 степени повисока од денешната. На целата површина на Земјата практично немала мраз, а климата на половите била речиси тропска.

Интересно, постојат студии кои докажуваат дека во претходните векови имало шокантно зголемување на емисиите на јаглерод, споредливо со она што се очекува во антропоценот - геолошката епоха што ќе ја замени сегашната (халоценот) поради влијанието на човековите активности врз животната средина.

„Дали овие настани се доказ за постоењето на нечовечка индустриска цивилизација?“, прашува Френк.

Иако ова зголемување на емисиите на јаглерод во палеоценот можеби е предизвикано од согорувањето на фосилните горива, како што е случајот денес, постојат значителни временски разлики.

Она што во минатото би се случило за стотици илјади години, сега се случува за еден век. Сепак, научниците обрнуваат внимание на една точка.

Ако оваа изумрена цивилизација навистина постоела, тогаш сосема е можно да нема ни трага од неа. Треба да се запомни дека повеќето пронајдени фосили се датирани од илјадници или стотици илјади години, а не со милиони.

Можно е дека остатоците од хипотетички фабрики и згради од тоа време сега се само прашина.

„Би било лесно да се занемари индустриската цивилизација која живеела само 100.000 години, што е 500 пати подолго од нашата индустриска цивилизација“, вели Френк.

Барањето докази за таков краток настан во античките седименти може да бара нови и специјализирани методи за откривање.

Со други зборови, освен ако конкретно не го барате тој доказ, можеби нема да го најдете. Овој прием е можеби најсериозниот заклучок од оваа студија.

Во време кога човештвото има толку силно влијание врз одржливоста на планетата преку своите постапки, не е погрешно да се мисли дека таа би можела да изумре како резултат на климатските промени.

И постои можност тоа веќе да и се случило на друга цивилизација на нашата планета.


Фото:screenshot